Мисија

Предвидување, анализирање и квантифицирање на човечкото, организациското и економското однесување за креирање на ефективни математички модели за одлучување кои ќе му овозможат на бизнисот уникатни стратегии за раст и развој.

Визија

Постанување на најуникатната и професионална агенција за Истражување и Консалтинг, која секогаш ќе овозможува иновативни алгоритми за анализа на податоци и модели за одлучување.

Уникатен пристап

Бизнис моделот на Инсајдер ИД за испорака на исклучително квалитетни услуги се базира на четири основни столба, Континуирано учење, Информации и извори на податоци, Инволвирање во секојдневните активности и Стратегиски консалтинг.

Како ја гледаме нашата иднина

Во блиска иднина, предвидувањето на човечкото, организациското и економското однесување ќе биде уште поголем предизвик од моментално. Моменталните методи ќе бидат застарени или значајно изменети, поради тоа, ние ќе треба да се движиме уште побрзо и попаметно во учење не само на нови начини на анализа туку и користење на нови технологии и организација на нашето работење.

Ние ја гледаме нашата иднина во креирање на интерактивни и динамични алгоритми за предвидување на однесувањето на човекот, а со тоа предвидување на организациското однесување и макроекономските трендови. Истото ќе им овозможи на нашите клиенти поглед во реално време што претставува можност за носење на стратегиски и ефикасни деловни одлуки. Со нашето моментално знаење имаме можност да го предвидиме влијението кон сегменти од однесувањето, но со поврзувањето на големи извори на податоци и алгоритми ќе можеме да предвидиме активности кои претходно не сме можеле ниту да ги замислиме. Тоа ќе им даде повторно можност на нашите соработници да навлезат длабоко во однеусвањето и креирање на стратегии кои постојано ќе го ре-оптимизираат нивниот бизнис.

Не само што имаме обврска да го помогнеме растот на нашите клиенти и развој на нови услуги, исто така ја имаме обврската да оствариме и интерен раст на приходот и профитот. Една од стратегиските цели на Инсајдер ИД е креирање на кластер или мрежа, помеѓу агенцијата и други интересенти на економијата за поставување на “плодна” основа за интернационализација. Растот надвор од регионот е планиран преку отварање на претставништва и франшизен систем. Исто така е планирана зголемена соработка со Универзитетите и интернационални институции за Истражување и Развој. На среден рок целите на Агенцијата се проширување на тимот, инвестиции во софтвер и интернационализација.

This is a unique website which will require a more modern browser to work!

Please upgrade today!