ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРИ

Примарната услуга на агенцијата се Квалитативните и Квантитативните пазарни истражувања. Целите на истражувањата се од пласман на нов производи, тестирање на производ до перцепција на брендот, “Top-of-Mind” и профилирање на потрошувачи. Како методи за прибирање на податоци во квантитативените истражувања се користат CATI, CAWI, PAPI и PAPI додека за квалитативните се користат Длабински интервјуа и Фокус Групи.

Агенцијата поседува конкурентска предност за Пазарни Истражувања, бидејќи применува уникатен стил за прибирање и интерпретација на прибраните податоци кој овозможува користење на извештаите не само од извршниот менаџмент туку и на сите вработените во компаниите.

ИНТЕРНИ АНАЛИЗИ И “BUSINESS INTELLIGENCE”

Еден од најзначајните извори на информации се самите компании. Многу ретко интерниот менаџерски тим ги користи информациите не поради тоа што не сакаат, туку поради недостаток од познавање за тоа како да ги структурираат и обработат за да се добие применлива информација. Структурирање, организација и анализирање на податоците и информациите кои што се достапни интерно во компанијата е целта на оваа услуга. Не само што иницијално го креираме системот, туку, овозможуваме и долгорочна поддршка во управувањето и унапредувањето со што развојот на системот го следи развојот на самиот бизнис.

За поставување на ефективен и брз “Business Intelligence” систем кој што нема да претставува финансиски терет за компаниите (клиентите), но и од друга страна брза обработка и корисничко искуство, Инсајдер ИД ги користи Микрософт “Power BI” и “Google Data Studio”.

Двете услуги Истражување на пазари и Интерните анализа вклучувајќи го и “Business Intelligence” се меѓусебно поврзани, бидејќи податоците добиени од пазарните истражувања можат да бидат додадени во интерните МИС системи и споени со интерните податоци.

ОРГАНИЗАЦИСКИ АНАЛИЗИ

ЗАДОВОЛСТВО И ВКЛУЧЕНОСТ НА ВРАБОТЕНИ

Втората најчесто користена услуга за истражување од страна на клиентите е “Истражување на Задоволството и Вклученоста на Вработените”. Доколку кај вработените не се задоволени основните критериуми за задоволство истото може да предизвика незадоволство од работата и работната позиција. Од големо значење за компанијата е да ги мери факторите кои што ги прават вработените задоволни а со тоа и мотивирани и на крај ефективно вклучени. Нивото на вклученост на вработените го определува емоционалното обврзување кон компанијата, и може да се мери како висина на нивниот несвесен напор кон остварување на целите на компанијата.

Примарната цел на оваа услуга е дефинирање кои фактори поврзани со работното место се пресретнати, но уште поважно кои фактори не се. Тоа е единствениот начин на кој компанијата ќе биде проактивна во решавањето на проблемите во организациската структура, генералните проблеми со вработените и дефинирање на активностите кои се потребни за зголемување на задоволството и вклученоста.

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕК

Главната цел на услугата е креирање на организациска структура која ќе овозможи оптимизиран комуникациски тек и непречено одвивање на сите процеси во компанијата. Често, оваа услуга е комбинирана со претходната “Истражување на задоволството и вклученоста кај вработените”, бидејќи за да се унапреди системот, информацијата за што треба да се унапреди е клучна за процесот.

Каде дел од процеот, најпрво се анализираат моменталната организциска структура и комуникациски канали и се споредуваат со резултатите добиение од претходното истражување. Доколку компанијата не поседува организациска структура, се креира комплетно нова и се тестира дали кореспондира со комуникацискиот тек и односните помеѓу рабоните позиции што овозможува дефинирање на оптимален тек на активностите.

СТРАТЕГИСКИ КОНСАЛТИНГ

Нашиот стратегиски консалтинг е уметноста во комбинирањето на информациите, извештаите, истражувањата, искуството, критичкото мислење, аналитиката и проекциите во единствен систем за донесување на одлуки, специјално изработен за нашите клиенти.

Комбинирајќи ги сите извори на информации и внатрешни проекти и истражувања, нудиме стратегиски консалтинг за компаниите кои развиваат професионални стратегиски планови. Со цел да се креира долгорочно успешен план, прво ги анализираме сите аспекти на бизнисот, вклучувајќи и анализа на внатрешните податоци, спроведуваме истражување на пазарот (задоволството кај клиентите/позицијата на пазарот) и анализа на вработените и нивното мислење за компанијата.

Услугата „Стратешки консалтинг“ не вклучува само креирање на планови, туку и соработка во секојдневните активности на компанијата, анализирање на имплементацијата, перформансите, повратните информации за резултатите и активности за корекција доколку е потребно. Така, преку овој процес ќе бидеме сигурни дека планот ќе биде ефективно спроведен.

Со оваа услуга ние сме подготвени да станеме дел од нашите партнери и да воспоставиме соработка во која и двете компании ќе имаат енормен бенефит и раст.

This is a unique website which will require a more modern browser to work!

Please upgrade today!