На 21.06.2017 ќе се одржи првиот отворен ден на GS1 Македонија, на кој ќе се дискутира значењето на баркодовите и GPC (Global Product Classification) во светски рамки и во Македонија.
Сергеј Зафироски од агенцијата за истражување Insider ID ќе презентира на тема “Практична примена на Глобалната класификација на продукти GPC во KPI (Key Performance Indicators)”. Преку примери од Македонија, ќе биде прикажано значењето за стандардното класифицирање на производите и клучните индикатори за подобро управување и зголемување на профитот на компанијата.
Insider ID е единствената агенција во Македонија која се занимава со Category Management и има изработено BI (Business Intelligence) систем според практичната категоризацијата која ја употребуваат супермаркетите, диструбитерите и производителите во секојдневно работење, запазувајќи ги правилата зададени од GPS на GS1.
Непостоењето на генерална општоприфатена класификација на производи која ги задоволува барањата од трите главни учесници во трговијата, ја отежнува анализата на податоците и споредбата помеѓу нив. Колкаво е учеството на производот во одредена категорија може да се разликува од маркет до маркет во зависност од производите кои се вклучени во соодветната категорија.
Со користење на Brick класификацијата од GPC (Global Product Classification) на GS1, Системот на Инсајдер ИД ги надминува овие ограничувања и детално ги класифицира сите производи кои се поставени во еден супермаркет, од практичен аспект односно применлив за сите заинтересирани страни. Споредбата во перформансите помеѓу маркетите или категориите (во случајот на диструбитерите) е многу поедноставено и јасно за корисниците.
Индикаторите кои ги обработуваат категориите и поткатегориите на производи овозможува маркетите да ја оптимизираат циклусот од набавка до продажба на производите, додека производителите и дистрибутерите од друга страна ќе го имаат во предвид генералниот просек за категориите, како се позиционирани нивните производи и соодветно да превземат корективни акции, доколку се под или над просекот во категоријата.
Системот на Insider ID содржи 20 различни KPI кои се од значење за маркетите, производителите и диструбитерите потребни за успешно водење на бизнисот, носење одлуки на опретивно и стратегиско ниво и следење на здравјето за клучните активности во компанијата.
Настанот е од отворен карактер, и повеќе информации на GS1 на http://gs1mk.org/Events/OpenDay/2017/