Агенцијата Insider ID во Декември 2015 година, за потребите на Sigma-SB и нивната услуга SSBEdi спроведе истражување за времето кое вработените во Македонските компании го “трошат” на манипулација со документи.
Истражуван е комплетно целиот процес од нарачка до наплата односно текот на документите, потребното време за изработка и обработка како и најчестите проблеми кои настануваат за секоја одделна фаза. Сектори од интерес се Малопродажба и Трговија на Големо и Мало.
За потребите на овој текст ќе бидат прикажанин само времето потребно за обработка на Фактури и Порачки од аспект на Продавачот. Останатите информации има можност да се добијат во Sigma-SB.
Во продолжение се прикажани општите заклучоци:
- Просечен број на Фактури – 42.5 со просечно времетраење за обработка по фактура 10.88 минути, и 13.75 поплаки (месечно) со 17.5 минути за обработка на поплака. Просечно време (месечно) кое компаниите го инвестираат во обработка само на фактури е 11,115.63 минути или 24.70 работни дена;
- Просечен број на Порачки – 40 со просечно времетраење за обработка по порачка 12.75 минути, и 10 поплаки (месечно) со 5 минути за обработка на поплака. Просечно време (месечно) кое компаниите го инвестираат во обработка на порачки е 13,596.00 минути или 33,22 работни дена;
Од претходните информации може да се изведе заклучок дека компаниите “трошат” месечно 24,789.63 минути или приближно 33 работни дена кои ги делат минимум 4 лица (вработени) во компанијата.
Целокупниот анализиран процес заедно со основните проблеми во секоја фаза е прикажан во продолжение.
Во споредба со нормалниот тек на обработка на документацијата, истражувањето пак спроведено со користење на SSBEdi покажува “кратење” на времето за обработка помеѓу 38% – 44% за фактури односно нарачки.
Директен бенефит е и можноста за зголемен број на порачки кои можат да се обработат во единица време, како и скратено време кое комерцијалистите го користат за креирање на нарачки од терен. Во одерени ситуации има можност и за зголемување на порачките и до 58% во единица време.
Општо може да се донесе заклучок дека Македонските вработени “трошат” голем дел од работното време во изработка, внесување и обработка на стандардна документација. Со оптимизација на процесот со SSBEdi во компанија која вработува 4 лица во администрација, се ослободуваат 2ца вработени кои најчесто можат да се репозиционираат на други работни места.