Инсајдер ИД трета година по ред анализира кои се најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија. Истражувањето се базира на мислењето на потрошувачите во однос на тоа кој е најпознат бренд без разлика дали активно го консумираат брендот. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,250 активни потрошувачи во Македонија за 17 различни категории на производи.
Во Македонските маркети се нуди широк асортиман на млечни производи особено во категориите Млеко и Јогурт. Позиционираните производи се соочуваат со голема конкуренцијата. Тие најчесто се обидуваат да ја надминат конкуренцијата преку позиционирање на брендот на повисоко ниво со цел да биде првиот избор кај потрошувачите. Многу често само брендот нема пресудно влијание, бидејќи од голема важност се и цената и квалитетот. Брендот го застапува квалитетот и се што е вклучено во еден производ. Од претходните истражувања до Инсајдер ИД, тоа што е клучно за еден бренд е да биде континуирано позициониран на полиците.
Постојаната диверзицикација овозможува дополнително зголемување на пазарот и задоволување на нови барања. Во оваа категорија е застапено и млеко без лактоза, свежо млеко и други нови производи што се очекува да имаат се поголемо учество во вкупната продажба. Во крајна линија категориите Млеко и Јогурт се значително интензивни од аспект на конкуренција и број на позиционирани брендови.
Во однос на конкуренцијата на пазарот, важно е да се напомене дека потрошувачите споменале вкупно 15 домашни и странски брендови во категоријата „Млеко“ и категоријата „Јогурт“. Во првата категорија „Млеко“, потрошувачите со 68% имаат избрано бренд од домашна компанија, додека пак 32% од странска компанија, во однос на тоа каде се произведува. Во категоријата „Јогурт“ повторно поголем процент од потрошувачитеимаат избрано домашен наспроти странски бренд со 81% наспроти 19%.
И во двете категории повторно на првата позиција ја заземаат брендовите на Битолска Млекара, Битолски Јогурт и Битолско Млеко како најпознати брендови за македонските потрошувачи. Нивната позиција е стабилна на нашиот пазар и нема значајна промена во однос на истражувањата од изминатите две години. Тие бележат високо учество од 54% односно 46% од вкупно обработените резултати во двете категории. Достигнување на учества од над 50% во високо интензивни категории, посочува доминантна позиција на пазарот.
За компанијата: Согласно анализата на карактеристиката препознатливост, брендовите на „Бимилк“, Битолски Јогурт и Битолско млеко се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач. Денешниот изглед на брендот претставува резултат на долгогодишно искуство во производството на течен асортиман кое влече корени од 1952 година проследено со континуирано унапредување на квалитетот. Широкото портфолио на компанија и успешната комуникациската стратегија на истото овозможува запознавање со брендот со сите групи потрошувачи и доближување до нивните вкусови и потреби. Исто така, како компаративна предност на брендот „Бимилк“ претставува флексибилноста при промена на трендовите на пазарот и унапредување на брендот преку лансирање на нови производи.
Категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2022 година“ се: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана Вода, Негазирана Вода, Здрава Храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) Кафе, Природни Сокови и Сончогледово Масло.
За повеќе информации или за нарачка на извештаите за „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.
Млеко
Јогурт