Зголемениот број на маркети во кои пазарат потрошувачите, влијанието на растот на цените на производите и кризата предизвикана од COVID-19 во претходната година очекувано влијае на потрошувачките навики при купување на прехранбени производи. Влијанието на сите претходни фактори не може да се оцени како единствено и еднострано како позитивно или негативно, бидејќи ланците на  маркети го продолжија зголемувањето на приходите како и претходните години како и дистрибутивните компании, но од друга зголемувањето на цените на производите на голема група на потрошувачи им предизвика да имаат потреба од дополнителна оптимизација на буџетите. Потребно е да се дефинира која е позицијата на брендовите во перцепцијата на потрошувачите, што ќе овозможи компаниите да го анализираат ефектот од маркетинг и комуникациските активности кои биле преземени во претходната година. Промената во позициите ќе овозможи да се анализира, колку брзо може да се промени однесувањето кај потрошувачите а со тоа и поврзувањето со конкретен бренд.

За да ја определи промената во преферирањето на брендовите, агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, втора година по ред ги избира “Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија” заедно со истражувањето за преферирањето на ланци на маркети (линк). Анализирани се вкупно 18 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анкетирани се повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територијата на целата држава.

Анализирани се 18 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана Вода, Негазирана Вода, Здрава Храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) Кафе, Природни Сокови, Сончогледово Масло и Енергетски Пијалаци.

ТАБЕЛА 01

Категории, Најпознати брендови и учество во вкупен број на одговори во категоријата

    УЧЕСТВО
КАТЕГОРИЈА НАЈПОЗНАТ БРЕНД 2021 2020
B1. МЛЕКО Битолско Млеко 51% 55%
B2. ЈОГУРТ Битолски Јогурт 44% 46%
B3. КАШКАВАЛ Здравје Радово 15% 11%
B4. СИРЕЊЕ Здравје Радово 22% 20%
B5. СУВОМЕСНАТИ ПРОИЗВОДИ Златиборац 25% 22%
B6. ЧОКОЛАДО Милка 39% 41%
B7. ПИВО Скопско Пиво 38% 41%
B8. ВИНО Тиквеш 53% 62%
B9. ГАЗИРАНА ВОДА Пелистерка 25% 21%
B10. НЕГАЗИРАНА ВОДА Горска Вода 22%
B11. ЗДРАВА ХРАНА Виталиа 39% 49%
B12. СЛАДОЛЕД Цермат 23% 21%
B13. ЧИПС Чипси 24% 25%
B14. ФЛИПС Стоби Флипс 80%
B15. ТРАДИЦИОНАЛНО (ТУРСКО) КАФЕ Гранд 32% 22%
B16. ПРИРОДНИ СОКОВИ Вива 30%
B17. СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО Брилијант 53%
B18. ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОК RedBull 54%

* Се мери како учество во вкупниот број на одговори за соодветната категорија;

** Категориите Флипс, Природни сокови, Сончогледово масло, Негазирана Вода и Енергетски пијалаци не се анализирани во истражувањето во 2020-та година;

Учеството во категориите зависи од интензитетот на конкуренција и позиционирани брендови. Колку е поголем интензитетот на конкурирање и поголемо е учеството тоа е посилна позицијата на најпрепознатливиот бренд. Генерално, нема значајни промени на позициите кај најпознатите брендови во соодветните категории. Промените се настанати таму каде нема доминантен бренд и можноста за преземање на приматот е многу поверојатна. Со соодветна стратегија еден бренд во следното истражување или може да го зголеми учеството, или пак доколку конкурентските брендови го направат истото да го преземат приматот.

Во категориите Млеко и Јогурт нема значајна промена во однос на истражувањето од 2020-та година. Битолска Млекара со брендовите Битолско Млеко и Битолски Јогурт бележат високо учество во вкупните резултати од 51% односно 41%. Посочените категории се едни од најинтензивните од аспект на број на позиционирани брендови, но производите на Битолска Млекара обезбедуваат значајно високо учество и се најпознати за секој втор потрошувач.

Во третата категорија Кашкавал, на прва позиција е брендот Здравје Радово кој има напредување на 1-ва  позицијата од 3-та позиција во 2020-та година. Сепак, учеството кое што го има во вкупната структура е 15% и разликата со другите брендови е прилично ниска. Во категоријата Кашкавал се наведени повеќе од 20 брендови од потрошувачите, со што и е очекувано еден бренд да го нема доминантното учество на пазарот. Во истражувањето во 2020-та година, на првата позиција во Кашкавал се наоѓа Кораб Трница со приближно идентично учество како прворангираниот бренд Здравје Радово во 2021-ва. За категоријата Сирење е повторно Здравје Радово со 22% учество со зголемување од 20% кои што ги има во истражувањето 2020-та година.

Кај Сувомеснати Производи како и во претходното истражување, повторно се позиционира Златиборац со 25% учество и зголемување на уделот од 22% (2020). Всушност, зголемување на позициите има кај сите 5 брендови на листата од вкупно 18 анализирани.

Брендот Милка ја има повторно доминантната позиција со 39% во категоријата Чоколадо, каде се позиционирани повеќе од 18 различни брендови. Милка бележи намалување за 2% споредбено со истражувањето во 2020-та година, но истото не е значајно и нема можност да се наруши учеството од некој од конкурентските брендови.

Како и во минатогодишното истражување, Скопско Пиво ја држи првата позиција во Пиво со 38% со намалување од 3% во однос 41%-те во 2020-та година. Иако на краток рок нема да има промена, бидејќи Скопска Пивара има голем број на маркетинг и комуникациски активности кои што влијаат на перцепцијата кај потрошувачите, забележливо е дека и други брендови имаат значително учество кое што во иднина постои потенцијал да се зголеми и да ја зголеми конкуренцијата во категоријата.

Во категоријата Вино ја има една од најголемите промени во процентуалното учество на најпознатиот бренд. Повторно е Тиквеш најпознат бренд, но бележи намалување од 9% или од 62% во 2020-та на 53% во 2021-ва година. Сепак, во значајно интензивната категорија Вино, Тиквеш е најпознат бренд за секој втор потрошувач кое што е значајно достигнување и позиција во свеста на потрошувачите. На “сметка” на намалувањето на учеството кај најпознатиот бренд, останатите ги имаат зголемено учествата кај потрошувачите и забележливо е дека помалите винарии иако немаат значително учество се појавуваат како брендови.

Категориите Газирана и Негазирана Вода во минатогодишното истражување беа анализирани како една единствена, додека во годинешното се раздвоени на две. И во двете категории има голем број на позиционирани брендови и прилично голема конкуренција, со мал ценовен распон на производите, со позиционирањето во свеста на потрошувачите и препознавањето на брендот се клучни за продажбата. Во првата Газирана Вода, како најпознат бренд е позиционирана Пелистерка со 25% и раст од 21% во 2020-та. Во втората категорија за Негазирана Вода како најпознат бренд се наоѓа Горска Вода со 22% учество.

Виталија ја здржува позицијата како најпознат бренд во Здрава Храна и во 2021-ва со 39% но намалување на учеството од 49% во 2020-та година. Во категоријата која станува се поинтензивна, пред се поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави производи а со тоа и привлекуваат голем број на компании да позиционираат производи во таа категорија, Виталија задржува значајно учество. Всушност од 10 потрошувачи 4 ја сметаат Виталија како најпознат бренд во Здрава Храна.

Во категоријата Сладолед, Цермат е на првата позиција како најпознат бренд со зголемување од 2% или од 21% на 23% што го доведува до позицијата (на минатогодишното е втор бренд). Цермат по главниот бренд  има многу повеќе суб-брендови и категории на производи. За категоријата Чипс, Чипси е повторно на првата позиција со 24% учество кое е приближно идентично со минатогодишното од 25%.

Гранд Кафе е повторно најпознат бренд во категоријата Традиционално (Турско) Кафе. Всушност, брендот ја унапредува позицијата од претходната година од 22% (2020) на 32% (2021) што го издвојува брендот од останатите во категоријата. Во минатогодишното истражување, Гранд Кафе бележи многу блиска позиција со друг конкурентски бренд, но соодветната маркетинг комуникација го зголемила процентот на потрошувачи кои што го позиционираат како најпознат бренд а со тоа и ја зголемуваат позитивната разлика со конкуренцијата.

Кај Природните Сокови, првата позиција како најпознат бренд ја има Вива со 30% односно за секој трет потрошувач. Компанијата има прилично интензивен маркетинг и комуникациски активности, со што и очекувано да биде бренд со највисока перцепција од страна на потрошувачите.

Витаминка ги има најпознатите брендови во категориите Флипс со Стоби Флипс и Сончогледово Масло со Брилијант. Во првата категорија го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати категории со 80% за Стоби Флипс и доминантно учество со 53% во втората со Брилијант. Категориите не се обработени во претходното истражување со што не е возможна споредба на одговорите.

Последната обработена категорија се Енергетски Пијалаци, во која што иако има понизок број на брендови во споредба со останатите, се поголем број на компании се обидуваат да го пробијат пазарот пред се преку интензивни маркетинг кампањи. Доминантната позиција ја има RedBull со 54% учество или брендот е префериран од секој втор потрошувач. Тоа што е специфично за категоријата е дека има најголемо учество на потрошувачи кои не го консумираат производот споредбено со сите останати во истражувањето со 14%.

За повеќе информации во однос на истражувањето, нарачка или цени за извештаите контактирате на info@insider.mk или телефонскиот број +38972219806. Секое преземање на податоците, дел, целиот текст или повикување на истражувањето без претходна писмена дозвола од овластено лице од Инсајдер ИД се забранува.

  • Јогурт
  • Млеко
  • Вино
  • Сирење
  • Газирана Вода
  • Природни сокови
  • Негазирана Вода
  • Сувомеснати производи
  • Сладолед
  • Здрава Храна
  • Енергетски Пијалаци
  • Турско Кафе
  • Чоколада
  • Чипс
  • Кашкавал
  • Пиво
  • Сончогледово Масло
  • Флипс
Јогурт
Млеко
Вино
Сирење
Газирана Вода
Природни сокови
Негазирана Вода
Сувомеснати производи
Сладолед
Здрава Храна
Енергетски Пијалаци
Турско Кафе
Чоколада
Чипс
Кашкавал
Пиво
Сончогледово Масло
Флипс