Индустријата за производство на млеко и јогурт поради постоечките сличности во производствените процеси и употреба на суровини, овозможува исти компании да се појавуваат со различна палета на производи и за двете категории. Македонскиот пазар за млеко и јогурт, се карактеризира токму со домашни компании кои нудат еден од анализираните производи но во чест случај и двата. Исто така, значаен дел од позициите во маркетите заземаат и странските брендови за млеко и јогурт кои се конкурентни со квалитет и со цена.

Оваа година како дополнување на истражувањето „Преферирани маркети во Македонија за 2020 година“ беше спроведено и истражување за „Најпознати брендови според потрошувачите во 2020” во 17 различни категории. Во истражувањето заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава, во различни демографски и социјални групи што овозможува детална анализа на нивото на препознатливост на различни брендови за различни профили на потрошувачи.

Според резултатите од истражувањето, во две категории „Јогурт“ и „Млеко“ првопозицонирани се брендовите „Битолско Млеко” и „Битолски Јогурт“ како најпознати брендови за македонските потрошувачи. На македонскиот пазар брендовите имаат стабилна позиција со двојно повисоко учество од следно позиционираните брендови. За да се добие претстава за интензитетот на конкуренција која постои на пазарот, во категоријата „Млеко“ потрошувачите посочиле вкупно 22 брендови за најпознати за време на анкетирањето, додека пак во категоријата „Јогурт“ се појавуваат 26 различни брендови.

Според потеклото на брендот во категорија „Млеко“ за 72% од потрошувачите изборот за најпознат бренд се однесува на „Домашен“ бренд додека пак, останатите 28% направиле избор на „Странски” бренд. Во категоријата „Јогурт“ се забележува поизразено учество на домашните брендови односно за 83% од потрошувачите изборот за најпознат бренд се однесува на „Домашен“ бренд додека пак останатите 17% направиле избор на „Странски” бренд. Може да се заклучи дека во перцепцијата на македонскиот потрошувач, доминираат домашните брендови за млеко и јогурт но компаниите треба да го имаат во предвид и нивото на препознатливост на брендови со странско потекло и нивните маркетинг активности и начин на комуникација со потрошувачот.

Во едно независно истражување спроведено од Инсајдер ИД на тема „Потрошувачки навики за Јогурт-Класичен, пробиотски и ајран во Македонија“ во 2018 како една од најзначајните карактеристики за потрошувачите е посочена  „Препознавање на брендот“. Според тоа, доколку потрошувачот го препознае брендот веројатноста за купување на истиот се зголемува. Во случај при избор помеѓу повеќе брендови кои потрошувачот ги смета за квалитетни, одлука за купување најверојатно би била за брендот кој е најпрепознатлив за потрошувачот во дадениот момент.

Согласно анализата на карактеристиката препознатливост, брендовите на „Бимилк“, Битолски Јогурт и Битолско млеко се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач. Денешниот изглед на брендот претставува резултат на долгогодишно искуство во производството на течен асортиман кое влече корени од 1952 година проследено со континуирано унапредување на квалитетот. Широкото портфолио на компанија и успешната комуникациската стратегија на истото овозможува запознавање со брендот со сите групи потрошувачи и доближување до нивните вкусови и потреби. Исто така, како компаративна предност на брендот „Бимилк“ претставува флексибилноста  при промена на трендовите на пазарот и унапредување на брендот преку лансирање на нови производи. Како новитет од компанијата се производите „Баланс плус Имуно“ јогурт и млеко со цинк чија главна цел е зајакнување на имунолошкиот систем што е клучно за одржување на доброто здравје на потрошувачот.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.

  • МЛЕКО
  • ЈОГУРТ
МЛЕКО
ЈОГУРТ