Една од категориите каде македонските потрошувач го избира најпознатиот бренд е категоријата „Вино“. Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД за прв пат го спроведе истражувањето “Најпознати брендови во 17 различни категории” како дополнување на истражување за „Преферирани маркети според потрошувачите“ во 2020 година. Учество земаа над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Преку анализа на одговорите освен што се открива првопозиционираниот бренд во категоријата, се дефинира и нивото на препознатливост на брендовите кои се најпознати во согласност со возраст, социјален статус, просечни месечни примања, регион итн. на потрошувачите. Преку деталните анализи се овозможува компаниите да добијат слика за групите на потрошувачи кои имаат различно препознавање на нивниот бренд и согласно тоа да го оптимизираат планирањето на маркетинг буџетите но и дефинирање на соодветна маркетинг стратегија.

Во категоријата „Вино“, избран е брендот „Тиквеш“ за најпознат бренд за македонските потрошувачи. Македонското вино претставува еден од значајните амбасадори на македонската традиција во квалитетно производството на истото. Според 99% од потрошувачите изборот за најпознат бренд се однесува на „Домашен“ бренд додека пак само 1% од потрошувачите направиле избор за некој од странските брендови. Тоа претставува уште еден доказ за доминацијата на домашните винарии доколку се прашуваат потрошувачите. На првата позиција со стабилно учество се наоѓа „Тиквеш“ според секој втор потрошувач во Македонија. Брендовите на останатите позиции значително се разликуваат според препознатливост од првопозиционираниот бренд и не посочува на брза промена на ситуацијата на пазарот, но постои можност за унапредување на позиции токму помеѓу пониско позиционираните компании.

„Тиквеш“ претставува македонски пример за успешен бренд менаџмент заснован на долгогодишна традиција, стратешки инвестиции со визија и енолошко мајсторство. Винарницата „Тиквеш“ ја започнува својата приказна од далечната 1885, а современиот пресврт со нова винска и маркетиншка филозофија се случува по 2003 година, кога винарницата ја презема групацијата „М-6“. За квалитетот на вината на „Тиквеш“ говори и фактот дека винарницата е најнаградуваната во Југоисточна Европа, со над 50 награди и признанија на најреномираните вински натпревари во светот секоја година. Денеска, винското портфолио на „Тиквеш“ вклучува 50-тина различни производи, класифицирани во посебни линии и наменети за различни сегменти на потрошувачи.

Откако во 2018-та година инвестираше во француската винарница „Château de Gourdon“, „Тиквеш“ ја промовираше својата нова бренд-платформа „Tikveš Chateaux & Domainеs“, преку која направи уште еден исчекор кон остварување на својата стратешка цел – да го внесе „Тиквеш“ во групата водечки производители на вино во светот.

Кога еден бренд опстојува 135 години, јасно е дека тој е длабоко вкоренет, но и дека има исклучителен потенцијал. Ја чувствуваме одговорноста за негување на таа вредност, прилагодувајќи ја на светските трендови во 21-от век и на високите очекувања на љубителите на виното. Затоа сме среќни кога потврдата доаѓа токму од нив“, велат од „Тиквеш“.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Млеко, Јогурт, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Кашкавал, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.