Инсајдер ИД како дополнување на истражувањето „Преферирани маркети во Македонија за 2020 година“ спроведе и истражување за најпознат бренд според потрошувачите во 17 различни категории. Во истражувањето заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава, во различни демографски и социјални групи што овозможува длабинска анализа на нивото на препознатливост на различни брендови за различни профили на потрошувачи.

Според резултатите од истражувањето, во категоријата „Сирење“ позициониран е брендот „Здравје Радово” како најпознат бренд за македонските потрошувачи. Главната конкуренција на пазарот се води помеѓу три брендови помеѓу вкупно 32 брендови кои се посочени за најпознати за време на анкетирањето.

Македонскиот пазар традиционално е поврзан со производството на млечни производи особено категоријата сирење каде има огромен природен потенцијал за производство и голем број на домашни фирми кои се производители. Одреден дел од понудениот асортиман на пазарот се увезува, но сепак доминантно според препознатливост на брендови во перцепцијата на потрошувачите се застапени доминантно домашни брендови, според истражувањето спроведено од Инсајдер ИД. Имено, 99% кои биле посочени како најпознати од страна на испитаниците се домашни брендови. Првата позиција на брендот „Здравје Радово“ се истакнува со повисоко учество во споредба со брендовите на втората и третата позиција каде ситуацијата е речиси изедначена.

Освен во оваа категорија „Здравје Радово“ се појавува и во категоријата „Кашкавал“ каде зазема значајна позиција.

Значајно е да се истакне дека иако брендот „Здравје Радово“ ја зезема првата позиција, за речиси секој македонски потрошувач најпрепознаен бренд е токму домашна компанија. Истото посочува дека постои простор за развој и на останатите брендови (особено брендовите на втора и трета позиција), кои доколку се ориентираат кон зголемување на активности за запознавање на што поголема маса на потрошувачи со нивниот бренд, би резултирало со зголемена побарувачка на пазарот. За постигнување на забележителен момент на унапредување потребно е време за промена на потрошувачката перцепција и сплет на креативни и интензивни активности за привлекување на нивното внимание.

Сепак, препознатливоста на брендот „Здравје Радово“ во перцепцијата на потрошувачите во различни категории не претставува изненадување со оглед на долгите години континуирано присуство на рафтовите во маркетите низ целата држава уште од 2002 година кога млекарата почнува со работа.

„Здравје Радово“ е компанија која за прв пат на домашниот пазар ја понуди  eдинствена и карактеристична формула на мешаното сирење и кашкавал, произведени од мешавина на високо квалитетно кравјо и овчо млеко. Компанијата отсекогаш се стреми да комуницира со потрошувачите преку реализација на ефективни комуникациски стратегии и непосредно комуницирање на самите продажни места. Од почетокот на своето постоење, компанијата „Здравје Радово“ бележи континуиран развој во производствената програма и раст на асортиманот. Денеска, производното портфолио на Млекара Здравје Радово ја сочинуваат повеќе од 25 млечни и кисело-млечни производи, кои се пласираат на домашниот и регионалниот пазар, а значителен процент од вкупното производство се извезува. Позади позицијата на млекара „Здравје Радово“ стојат усвоени основни принципи врз основа на кои го темели своето работење веќе 18 години. „Здравје Радово“ работи преку целосно почитување на законските прописи и безбедноста во производството што гарантира производи со највисоки стандарди. Компанијата поседува бројни сертификати со кои се потврдува високиот степен на производствениот процес и квалитет на производите.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Кашкавал, Млеко, Јогурт, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.