„Најпознати брендови во 17 категории според потрошувачите“ претставува дополнување на четвртото издание на  истражувањето „Преферирани маркети во Македонија” со цел генерална анализа на позицијата на брендови. Во истражувањето заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Исто така, направена е и детална анализа за најпознатите брендови според различни демографски карактеристики на потрошувачот како возраст, социјален статус, просечен месечен приход, префериран маркет, членови на домаќинство и регион. Со помош на информациите за разликите во нивото на препознатливост, менаџерите на компаниите ќе добијат насока кон која група потребно е интензивирање на промотивните и маркетинг активности се со цел унапредување на генералната перцепција на потрошувачите во Македонија.

Во категоријата „Минерална Вода (газирана и негазирана)“ на прва позиција е избран брендот „Пелистерка“ според потрошувачите во Македонија. Потрошувачите имаат посочено 28 брендови во трката за најпознат бренд во анализираната категорија. Според резултатите добиени поголем процент ги избираат домашни брендови за најпознати односно околу 80% од потрошувачите избираат домашен бренд за вода наспроти 20% кои се странски. Исто така, интересно е да се напомене дека според резултатите добиени од ова истражување третата, четвртата и петата позиција има конкуренција според препознатливост во перцепцијата на потрошувачот. Истото посочува дека постои можност за промена на позициите на брендовите во годините што претстојат, доколку една од компаниите се насочи кон таргетирано промовирање кон различни групи на потрошувачи.

„Пелистерка“ претставува препознатлив бренд за македонскиот потрошувач поради континуираното и уникатното маркетинг присуство на пазарот за вода. Уште од 1953 година до ден денес брендот вложува во унапредување на својот имиџ како и проширување на палетата на пијалаци за потрошувачите. Преку покровителство на настани од различни карактер (спортски, модни итн.) и соработка со познати личности од музичката сцена го одведе својот маркетинг пристап кон потрошувачот на едно ново уникатно ниво.

„Иднината можеби ни е неизвесна, но минатото ни е заедничко – ова е мислата со која се обидуваме оваа, по сите параметри неверојатна година, да ја доведеме до самиот крај и следната да ја почнеме со нови сили. Несомнено е огромно задоволство затоа што потрошувачите не препознаваат како нивен, познат, домашен бренд.Не препознаваат како свои. Затоа што и сме нивни, блиски, познати. Од 1953 година, заедно со нив, ја градиме оваа наша приказна. Ги слушаме нивните барања и забелешки и регираме на нив. За жал, иднината е непредвидлива и навистина неизвесна, но судејќи според убавите минати времиња, не се откажуваме, продолжуваме напред вложувајќи во македонскиот спорт, музика, култура, филм…вложуваме во она што денес е сегашност, но веќе утре ќе биде минато. А нашата мисија е да оставиме печат. Ист онаков, каков што ете во случајов сме оставиле во категоријата во која што и сме најпрепознатливи. Убав мотив е тоа за да следната 2021 година, се посветиме максимално, на здравите навики на нашите потрошувачи кои што одамна веќе се повеќе од тоа. Одамна сме пријатели“ – вели Синиша Најденов, генерален менаџер во Пелистерка АД Скопје.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Сувомеснати производи, Јогурт, Млеко, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Кашкавал, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.