Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД четврта година по ред го спроведе истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” во кое заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата.  Оваа година покрај истражувањето за „Преферирани маркети според потрошувачите“ спроведе и додатно истражување кое беше насочено целосно кон добивање информации за препознатливоста на брендовите застапени во 17 категории. Главната цел е обезбедување на генерална слика за позицијата на брендовите но и детално позиционирање за различни групи на потрошувачи, според возраст, социјален статус, приходна група, регион, префериран маркет итн.

Во категоријата „Тоалетна хартија/салфети“ на прва позиција за најпознат бренд потрошувачите го избраа брендот „Перфекс“. Според генералниот распоред за позиционирање на брендови, се забележува дека постои еден главен бренд кој е избор на речиси секој втор македонски потрошувач и останатите два брендови кои бележат значајна препознатливост. Сепак, значајната разлика во учествата на компаниите не дозволува директна конкуренција на пазарот или промена на состојбата на пазарот за краток временски период. Во категоријата за тоалетна хартија, изборот на потрошувачите за најдобар бренд се однесува со 99% на странски бренд. Со ова може да се заклучи дека постојат домашни брендови но истите не преставуваат значајна конкуренција при избор за најпознат бренд во анализираната категорија.

„Перфекс“ е бренд кој припаѓа на хрватската компанија Дредник. Производството на широк спектар на производи е направено од папирусна конфекција со сопствен квалитет, дизајн и прифатлива цена, а ефикасноста е доволна за секој корисник. Брендот „Перфекс“ е достапен низ маркетите и продажни места на целиот Балкан каде што се извршува дистрибуцијата на производите.

Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се: Сирење, Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.