Како дел од четвртото по ред истражување за “Преферирани маркети во Македонија” дополнително е спроведено и „Истражување за најпознати брендови“ во 17 различни категории. Својот одговор го дадоа над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Согласно добиените одговори направена е генерална анализа на позициите за најпознат бренд за секоја категорија, но се овозможува и детална анализа според потрошувачки профили кои овозможуваат на компаниските менаџери увид во тоа кој бренд е најпрепознатлив за различни групи на потрошувачи.
Во категоријата „Шампони за коса“ како најпознат бренд според потрошувачите е избран „Head & Shoulders“.
„Head & Shoulders“ се наоѓа на прва позиција во категоријата со значајно повисоко учество од второпозицираниот бренд. Меѓутоа, позицијата на третиот, четвртиот и петтиот бренд е скоро изедначена. Во оваа категорија, според потекло на бренд може да се забележи огромната разлика помеѓу странските и домашните брендови каде 99.9% од потрошувачите избираат странски бренд на шампон во споредба со домашен бренд. Со ова може да се заклучи дека маркетинг стратегијата и начинот на рекламирање на домашните брендови сеуште не се истакнуваат за македонските потрошувачи во соодветна мера за да влијаат на зголемување на степенот на препознатливост.
„Head & Shoulders“ е американски бренд кој ја започнува својата приказна во 1961 година. Припаѓа на групацијата „Procter & Gamble“ која има огромна палета на производи за лична хигиена и убавина. Најголемата “слава” овој бренд ја добива со техниката која ја користи за квалитетот на своите производи кои помагаат при појава на првут на скалпот. Исто така, имаат близок маркетинг пристап до потрошувачите со ангажирање на голем број на холивуски звезди кои го имаат промовирано нивниот производ или пак се дел од нивните маркетинг програми.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се: Сирење, Кашкавал, Млеко, Јогурт, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење.
Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)
За повеќе информации за извештаите за „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.