Оваа година покрај истражувањето за „Преферирани маркети според потрошувачите”, агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД спроведе и додатно истражување кое беше насочено целосно кон добивање информации за препознатливоста на брендовите застапени во 17 категории. Една од категориите која е вклучена е „Сувомеснати производи“ каде повеќе од 1700 активни потрошувачи го бираат брендот кој е најпознат за нив. Преку детална анализа на податоците, се овозможува компаниите да добијат слика од кои групи на потрошувачи се најмногу препознаени и согласно тоа да можат да ги пренасочат маркетинг буџетите кон потрошувачите со пониска препознатливост.

Во категоријата „Сувомеснати производи“ потрошувачите го избраа брендот „Златиборац“ за најпознат бренд во 2020 година. Вкупно 25 различни брендови се појавија во трката за најпознат бренд во анализираната категорија, од кои изборот за најпознат бренд за 49% бил странски производ додека пак 51% од потрошувачите избрале домашен бренд. Оваа мала разлика дава до знаење дека постои конкурентност на пазарот како и за домашните така и за странските брендовите. И двете страни е потребно да употребуваат насочени маркетинг кампањи за привлекување на потрошувачкото внимание.

Првопозиционираниот бренд се карактеризира со одредена стабилност во позицијата на пазарот, но постои  тесна конкуренција помеѓу второ пласираниот и трето пласираниот бренд кое посочува дека таа положба може лесно да се промени,  и наредната година да постои поинаков распоред на резултатите.

Позицијата на „Златиборац“ во перцепцијата на потрошувачот е резултат на континуираното вложување во производи со врвен квалитет во комбинација со традиција и иновации. Постојаните инвестиции во изработката на производите отворија можности за извоз на нивните производи на странските пазари – Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Русија, Белорусија. За Македонија дистрибуцијата на „Златиборац“ ја извршува компанијата „Колид Фудс“ . Дистрибутивната компанија „Колид Фудс“ е препознаена на македонскиот пазар како модерна компанија која преку својот продажен систем и програмски решенија за нарачки и продажба ги пресретнува барањата на клиентите. Како дополнителен фактор за препознатливоста на брендот „Златиборац“ лежи во корените на семејната традиција која датира уште од 1885 година.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Кашкавал, Млеко, Јогурт, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.