Како една од категориите која се обработува во истражувањето е „Детергенти, омекнувачи и прашоци за перење“ како дел од истражувањето „Најпознати брендови за 17 различни категории“. Ова истражување е претставува дел од четвртото по ред истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” во кое заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Преку одговорите на испитаниците е направена и дополнителна анализа според различни профили на потрошувачи согласно нивната возраст, приходна група, социјален статус итн. што овозможува утврдување на разликите помеѓу препознатливоста во различни групи.
Во категорија „Детергенти, омекнувачи и прашоци за перење“ за најпознат бренд е избран „Ариел“ според најголем број на потрошувачите. Во оваа категорија според направената анализа со потекло на брендот, може да се забележи многу поголем избор на странските брендови наспроти домашните брендови кои нудат асортиман на производи во оваа категорија. Поточно, само 3% од македонските потрошувачи избирале домашен бренд за најпознат во категоријата. Брендот „Ариел“ како прв бренд бележи високо ниво на препознатливост додека пак, втората и третата позиција се речиси изедначени.
„Ариел“ е белгиски бренд кој повеќе од 50 години се обидува да го усоврши квалитетот на своите производи. Прашокот за перење е еден од основните продукти кој го има во секое домаќинство. Брендот „Ариел“ се води под мотото дека секогаш алиштата можат да бидат побели. Претставува дел од групацијата „Procter & Gamble“ што освен прашок има и голем број на познати детергенти и омекнувачи како на пример „Ленор“. Во Македонија дистрибуцијата на Ариел ја извршува компанијата „Нелт- СТ“.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се: Сирење, Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети и Шампон за коса.
Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)
За повеќе информации за извештаите за „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.