Инсајдер ИД како дел од четвртото издание на  истражувањето „Преферирани маркети во Македонија” вклучува и дополнително  истражување каде ги прашува потрошувачите за најпознатиот бренд во различни 17 категории во FMCG сегментот. Во истражувањето заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Истражувањето вклучува генерална анализа на позиционирање на брендови, но исто така и детална анализа за најпознатите брендови според различни демографски карактеристики на потрошувачот како возраст, социјален статус, просечен месечен приход, префериран маркет, членови на домаќинство и регион. Со помош на информациите за разликите во нивото на препознатливост, менаџерите на компаниите ќе добијат насока кон која група потребно е интензивирање на промотивните и маркетинг активности се со цел унапредување на генералната перцепција.

Во категоријата „Сладоледна прва позиција е избран брендот „Фриком“ според најголем дел од потрошувачите во Македонија. Според генералниот распоред за позиционирање на брендови, во анализираната категорија трката за пазарен лидер се одвива меѓу две компании проследено со значајно учество. Сите останати компании имаат евидентно пониско учество и не преставуваат закана за преземање на главната улога анализирано на краток или среден рок. На прашањето за најдобар бренд, испитаниците имаат посочено 16 различни брендови како избор за најдобар од кои 76% се во групата „Странски брендови“ додека пак останатите се со домашно потекло.

Препознатливоста на Фриком за македонскиот потрошувач е на високо ниво како резултат на квалитетен бренд менаџмент од страна на компанијата. Компанијата со седиште во Србија, преставува репрезент за квалитет и широка понуда на различни вкусови на сладолед на македонскиот пазар. Фриком во категоријата сладолед нуди околу 16 различни под брендови и разновидноста е токму карактеристика која го приближува брендот до секој индивидуален потрошувач и успешно ги задоволува барањата на пазарот. Компанија во своето портфолио нуди и замрзната храна како замрзнати овошја, теста и риба.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Здрава храна, Вода, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.