Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг четврта година по ред го спроведе истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” во кое заземаа учество над 1,700 потрошувачи на целата територија на државата. Оваа година покрај истражувањето за Префериран маркети, агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД спроведе и додатно истражување во продолжение на истражувањето за преферирани маркети кое беше насочено целосно кон добивање информации за препознатливоста на брендовите застапени во 17 категории.

Во категоријата “Здрава исхрана” Виталиа го зазеде првото место за најпознат бренд според најголем дел од потрошувачите во Македонија. Следните две компании имаат значително пониско учество од првопозиционираниот бренд и не претставуваат конкуренција, туку има можност за промена помеѓу истите. Од вкупно избраните 24 брендови за најпознати од страна на потрошувачите, 74% се „Домашен“ бренд со споредба со останатите 26% направиле избор на „Странски” бренд. Според ова, на македонскиот пазар доминираат домашните компании што е добра основа за претпознатливоста на македонските брендови, но компаниите треба да ја имаат во предвид и конкуренцијата од страна на странските брендови на македонскиот пазар.

Здравата исхрана во моментов е меѓу најактуелните категории на светските пазари, а во Македонија исто така се повеќе добива на значење.Виталија“ е добро препознатлниво име на македонскиот пазар и низ македонските домаќинства. Компанијата е специјализирана во производство и продажба на здрава храна со општа намена, нуди производи со познат квалитет и достапна цена која одговара и е во текот со денешните трендови. Во однос на конкуренцијата, треба се земе во предвид години наназад кога на нашиот пазар не беа застапени голем дел од брендовите за здрава храна кои сега постојат, „Виталија“ започнува со работа уште во 1993 година. Константното рекламирање и промовирање на здравата исхрана како начин на живот, голем број на инфлуенсери и реструктурирање на начинот на рекламирање со зголемена употреба на социјалните мрежи за „Виталија“ вроди со огромен успех.

Во однос на останатите брендови кои се застапени во категоријата за здрава храна, интересен е фактот што потрошувачите како препознатливи брендови за здрава исхрана бирале македонски брендови кои самите не се рекламираат како производители на здрава и велнес храна туку се производители на природни производи, како мешункасти плодови, сушени зачини и билковити чаеви.

 

 

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Кашкавал, Млеко, Јогурт, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.