Оваа година, агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД како дел од четвртото издание на истражувањето „Преферирани маркети во Македонија” вклучува и дополнително истражување каде ги прашува потрошувачите за најпознатиот бренд во различни 17 категории во FMCG сегментот меѓу кои и категоријата „Кафе“. Во истражувањето заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Истражувањето вклучува генерална анализа на позиционирање на брендови, но исто така и детална анализа за најпознатите брендови според различни демографски карактеристики на потрошувачот како возраст, социјален статус, просечен месечен приход, префериран маркет, членови на домаќинство и регион. Со помош на информациите за разликите во нивото на препознатливост, менаџерите на компаниите ќе добијат насока кон која група потребно е интензивирање на промотивните и маркетинг активности се со цел унапредување на генералната перцепција.
Во категоријата „Кафе” на прва позиција е избран брендот „Гранд Кафе“ според најголем дел од потрошувачите во Македонија. Според генералниот распоред за позиционирање на брендови, во анализираната категорија трката за пазарен лидер се одвива меѓу три компании проследено со значајно учество. Сите останати компании имаат евидентно пониско учество и не преставуваат закана за преземање на главната улога анализирано на краток или среден рок. На прашањето за најдобар бренд, испитаниците имаат посочено 28 различни брендови како избор за најдобар од кои 64% се во групата „Странски брендови“ додека пак останатите се со домашно потекло.
Брендот “Гранд Кафе” ја зазема првата позиција според потрошувачите во Македонија во интензивна конкуренција која е предизвикана од многу брендови на пазарот. „Гранд кафе се карактеризира со константно висок квалитет и посветеност дури и на најмалите детали, почнувајќи од набавката на рачно избрани зрна кафе, преку постојано контролирање на процесот на пржење и пакување на кафето. Континураната комуникација со потрошувачите преку разните активности на продажните места и преку релевантните комуникациски пораки во медиумите, им пружаат на потрошувачите комплетно и единствено искуство и на тој начин се изградува нивната доверба кон брендот. Токму затоа, Гранд кафе е и мирис и вкус, и синоним за кафе во Македонија.“ изјави Зоран Голуб, маркетинг директор на Гранд Кафе.
Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Млеко, Јогурт, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Сладолед, Кашкавал, Здрава храна, Вода, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.
Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)
За повеќе информации за извештаите за „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.