Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД четврта година по ред го спроведе истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” во кое заземаа учество над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата. Оваа година покрај истражувањето за Префериран маркети, агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД спроведе и додатно истражување кое беше насочено целосно кон добивање информации за препознатливоста на брендовите застапени во 17 категории.
Во категоријата Чоколадо доминираше брендот Милка кој потрошувачите го избраа за најпознат бренд пред останатите . Вкупно околу 24 брендови беа посочени од потрошувачите за најпознат бренд и според направената корелација со потекло на бренд, во категоријата чоколадо доминира изборот на странските производи наспроти домашните. Имено, 90% од потрошувачите избрале странски бренд на чоколадо пред домашен. Сепак, еден од десет од потрошувачите избрале домашен производ наспроти странски. Може да се заклучи дека странските брендови се значајно позиционирани во перцепцијата на потрошувачот и дека македонските компании треба да го имаат во предвид нивното маркетинг и промотивно присуство на пазарот.
Брендот „Милка“ денеска е присутен во повеќе 30 земји достапен за потрошувачите низ целиот свет. Пред повеќе од еден век, се произвела првата чоколада со препознатливото лилаво пакување која останува заштитен знак до ден денеска. Името Милка е кратенка од германскиот јазик за „млеко и какао“ – Milch und Kakao. Годишно се произведуваат околу 110.000 тони на различни видови на Милка чоколада, додека официјалните проценки посочуваат дека на светско ниво во последната 2019 година брендот инвестирал во рекламни активности околу 1.21 билиони американски долари. Милка чоколадото се произведува во осум Европски градови. За Македонија дистрибуцијата за Милка ја избршува компанијата „Нелт СТ“. „Нелт Ст“ работи веќе 25 години и врши диструбуција на голем број познати трговски марки на македонскиот пазар.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се: Сирење, Кашкавал, Сувомеснати производи, Млеко, Јогурт, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.
Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)
За повеќе информации за извештаите за „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.