Покрај  истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” во 2020 година, дополнително е  спроведено  истражување за „Најпознати брендови во 17 категории според потрошувачите во Македонија“. Учествуваа над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата, со различни демографски карактеристики и согласно нивните одговори е добиен генерален распоред на препознатливост на брендовите во Македонија за категорија „Чипс“. Од деталната анализа на корелациите со возраст, регион, месечни примања, префериран маркет, социјален статус и членови во домаќинство се дефинира за кои потрошувачките профили се најмногу или најмалку препознаени анализираните брендови во категоријата.

Во категоријата „Чипс“ брендот „Чипси“ е на првата позиција и е избран од потрошувачите за најпрепознатлив бренд пред останатите. Разликата помеѓу учествата на брендовите на генералниот распоред овозможува значајна предност за првопозиционираниот бренд и стабилна позиција на краток рок. Но, постојат учества на брендови кои се речиси изедначени и истото дава основа за унапредување на позиции доколку некој од брендовите преземе позначајни промотивни активности. Од страна на потрошувачите се посочени околу 20 различни брендови за чипс во текот на анкетирањето. Сепак, странските брендови доминираат како најпознати на македонскиот пазар со 93% додека пак, останатите 7% од потрошувачите за најпознат бренд посочиле домашен бренд.

Брендот „Чипси“ е со српско потекло и постои повеќе од 20 години на интернационалните пазари. Покрај скромните почетоци, во 2008 година станува дел од глобалното семејство на ПепсиКо,  што го носи брендот на едно ново ниво во комуникацијата со своите консументи. Својата препознатливост помеѓу потрошувачите ја зајакнува преку снимање на реклами со познати спортски ѕвезди и ги освојува симпатиите на сите генерации. Присуството на брендот на рафтовите во македонските маркети го обезбедува компанијата Гранд Експорт која се етаблира како брзорастечка компанија и ексклузивен застапник и дистрибутер за македонскиот пазар на познати регионални, европски и меѓународни брендови од прехранбената индустрија.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Млеко, Јогурт, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Кашкавал, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.