Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД четврта година по ред го спроведе истражувањето “Преферирани маркети во Македонија” со дополнително истражување кое беше насочено целосно кон добивање информации за препознатливоста на брендовите застапени во 17 категории. Повеќе од 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата учествуваа во истражувањето и избраа најпознат бренд во категорија „Кашкавал“. Преку анализа на одговорите се дефинира и нивото на препознатливост на брендовите кои се најпознати во согласност со возраст, социјален статус, просечни месечни примања, регион итн. на потрошувачите. Преку деталните анализи се овозможува компаниите да добијат насока за оптимизација на маркетинг буџетите но и дефинирање на соодветна маркетинг стратегија.

Во категоријата „Кашкавал“ се издвојува брендот „Кораб Трница“ кој потрошувачите го избраа за најпознат бренд пред останатите брендови учесници во ова истражување. Во анализираната категоријата беа посочени приближно 40 различни брендови кои потрошувачите ги сметаат за најпознати.

Според резултатите од истражувањето од Инсајдер ИД, за седум од десет испитаници најпознатиот бренд спаѓа во групата „Домашни брендови“ додека пак за останатите тројца најпознатиот бренд е во групата на „Странски брендови”. Ова посочува дека странските компании претставуваат значајна конкуренција на македонскиот пазар за кашкавал и истото треба да се има во предвид од страна на домашните производители.

Иако македонскиот пазар се карактеризира со широка понуда во производството на млечни производи со значајно присуство со понуда од македонските производители но присутни се и странските, потрошувачите одбраа македонски бренд со долгогодишна традиција на пазарот и препознатлив квалитет.

„Кораб Трница“ од основите на своето постоење во 1945 година го унапредува своето работење. Денес освен во големопродажба, нивните производи можете да ги најдете и во Кораб Трница продавниците, како и во ресторанот во  Комплекс Кораб Трница. Преку главниот концепт наречен „од природа до трпеза“, брендот успева да го задржи традиционалниот дух но истовремено го модернизира своето работење преку унапредување на продажната мрежа и што е можно поголема достапност до македонските потрошувачи. Кораб Трница исто така врши извоз на своите производи во маркети на територијата на Црна Гора, Србија и Косово. Освен во категоријата „Кашкавал“, брендот „Кораб Трница“ е посочен од страна на потрошувачите и во категоријата „Сирење“ каде што зазема значајна позиција. Согласно ова, може да се заклучи дека брендот „Кораб Трница“ одржува стабилност во препознаеност на својот бренд во повеќе категории за производи кои се дел од производната палета на компанијата.

„Задоволството од ова признание е огромно, бидејќи претставува потврда од страна на потрошувачите дека во нашите производи го препознаваат квалитетот кој го нудиме и љубовта која ја вложуваме. Брендот „Кораб Трница“ заедно со Кораб кашкавалот и Трничкото сирење имаат традиција од далечната 1945 год. Негувајќи ја традицијата но, секако во тек со современите потреби на потрошувачите, постојано ја зголемуваме палетата на производи. Под брендот Кораб Трница ги произведуваме следните категории на производи: кашкавал, сирење, кисело млеко, павлака, јогурт, сурутка…“ – изјави Борис Дабевски, генерален менаџер на „Кораб Трница“.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Млеко, Јогурт, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.