Како дел од четвртото издание на истражувањето “Преферирани маркети во Македонија за 2020” се анализираат и најпознатите брендови за потрошувачите во Македонија за 17 различни категории. Една од категориите која се анализира е категорија „Пиво“ чија консумација е актуелна за сите потрошувачи од младите па се до најстарите генерации. Во истражувањето учествуваа над 1,700 активни потрошувачи на целата територија на државата со репрезентативно учество на сите генерации на потрошувачи. Извештајот освен што обезбедува генерален распоред за најпознатите брендови за пиво е исто значаен и за дефинирање на различниот интензитет на препознатливост за различни потрошувачки групи за различните брендови присутни на македонскиот пазар.

Во категоријата „Пиво“ за најпознат е избран брендот „Скопско Пиво“ според најголем дел од потрошувачите во Македонија. Конкуренцијата на македонскиот пазар за производот Пиво е интензивна земајќи во предвид дека потрошувачите посочиле 27 различни брендови како најпознати. Нешто помалку од половина потрошувачи го имаат избрано „Скопско пиво“ како најпрепознатлив. Втората позиција ја зазема бренд кој што е посочен за најпознат од секој петти потрошувач и  во секој случај ова говори за значајна препознаеност.  Според потеклото на најпознатиот бренд, постои повисока препознаеност домашните пива наспроти странските пива и тоа со учество од 70% за „Домашен бренд“.

„Скопско пиво“ претставува симбол за успех на македонскиот пазар за пиво преку вековна традиција која започнува со својата работа уште во 1922 година. Македонските потрошувачи имаат можност да го консумираат „Скопско“ повеќе од 90 години и секојдневно се унапредува преку креативна комуникацијата кон потрошувачите. Позади овој резултат стои уникатниот принцип на работење на компанијата која од ден за ден го унапредува пивското производство се со цел да ги задоволи потрошувачките вкусови на различни категории и генерации на потрошувачи. Константната иновација, следење на светските трендови и успешната маркетинг комуникација по се претставува дека е клучот за опстојување на брендот Скопско на врвот на листата.

Дополнителни категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2020 година“ се: Сирење, Млеко, Јогурт, Сувомеснати производи, Чоколадо, Кашкавал, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Извештајтот може да го нарачате на следниов линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk)

За повеќе информации за извештаите за  „Преферирани маркети според потрошувачите во Македонија” и „Најпознати брендови за македонските потрошувачи” може да добиете преку електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.