Агенцијата за истражување Инсајдер ИД започна активно учество во образовните процеси, со цел унапредување на практичниот и теоретскиот капацитет кај македонските студенти на МИТ Универзитет – Факултетот за економски науки. Инволвирањето во образовниот процес за идните учесниците на пазарот на труд ќе биде во неколку сегменти.

Првиот сегмент е преку практични предавања на самиот факултет за истражување и консалтинг со користење на реални примери од бизнис секојдневието. Предавачи ќе бидат вработените во агенцијата како и нејзините експерти и соработници со цел пренесување на практичниот аспект на работењето.

Недостатокот од квалификуван и професионален кадар е најголемиот проблем со кој веќе се соочува а уште повеќе во иднина ќе се соочува македонската економија. Доколку ние компаниите сами не преземеме нешто во тој аспект, денес, кога сеуште имаме студенти, се соочуваме да во многу блиска иднина имаме проблеми во нормалното работење на компаниите” – изјави Борислава Николовска помлад партнер во Инсајдер ИД.

Вториот сегмент е доделување на половина стипендија на еден потенцијален студент за студирање на Факултетот за Економски науки, кој освен самата стипендија ќе има можност во текот на целото студирање да работи на реални проекти во агенцијата и на тој начин по завршување на факултетското образование го има потребното практично и теоретско образование. Доколку кандидатот ги пресретне барањата на компанијата, по завршување на студирањето веднаш ќе биде вработен во агенцијата. Апликација за стипендија е на следниот линк: https://forms.gle/pCgQPtFYLTUZFzPY8