Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД по четврти пат го спроведе истражувањето “Преферирани маркети и најпознати брендови според потрошувачите во С.Македонија” од кое се објавуваат и ТОП 3 Маркети. Оваа година за разлика од претходните, се изработи дел за најпознати брендови во категорија според потрошувачите одкои што ќе се објавувааат “Најпознати брендови според потрошувачите 2020-та година”. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава . Потрошувачите одговараат на прашањето “Кој е за Вас напознат бренд во категоријата Х?” според кое се прави и самото рангирање на производите. Анализата вклучува повеќе од 200 брендови, домашни и странски кои се поделени во 17 категории на производи.
Конкуренцијата помеѓу компаниите е многу интензивна. Компаниите е потребно да имаат информација каде се позиционирани нивните брендови во “свеста” на потрошувачите што ќе овозможи оптимизација на маркетинг активностите и унапредување на целокупното работење. Истражувањето има за цел да ги определи генерално најпознатите брендови за домашните потрошувачи, разликите според демографските карактеристики како просечен месечен приход, возраст, социјален статус и регион но и да определи дали се преферираат домашни или странски брендови.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се : Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса. Поединечните текстови за секоја одделна категорија можете да ги погледнете на следниот линк: Најпознати брендови 2020 Archives – Insider ID.
МЛЕКО
ЈОГУРТ
СИРЕЊЕ
КАШКАВАЛ
ВОДА
ЧИПС
ЧОКОЛАДA
ШАМПОН ЗА КОСА
КАФЕ
ЗДРАВА ХРАНА
СЛАДОЛЕД
ДЕТЕРГЕНТИ
МЕСНИ ПРОИЗВОДИ
ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
ВИНО
ПИВО
МЛЕКО
ЈОГУРТ
СИРЕЊЕ
КАШКАВАЛ
ВОДА
ЧИПС
ЧОКОЛАДA
ШАМПОН ЗА КОСА
КАФЕ
ЗДРАВА ХРАНА
СЛАДОЛЕД
ДЕТЕРГЕНТИ
МЕСНИ ПРОИЗВОДИ
ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
ВИНО
ПИВО
За порачка на извештаите за категории на производи и за подетални информации за истражувањето “Најпознати брендови кај Македонските потрошувачи” контакт на електронската адреса info@insider.mk, телефонскиот број +389 71 210 471 или на следниот линк: Најпознати брендови за широка потрошувачка според Македонските потрошувачи! | (simulacrum.mk).
НАПОМЕНА: се забранува преземање и споделување на објавената содржина без претходна писмена согласност од Инсајдер ИД.