Со се поголемата конкуренција и моќната позиција за преговарање на малопродажните синџири овозможена преку приватните лабели и огромниот број на потрошувачи кои ги привлекуваат, за компаниите од широка потрошувачка истражувањата никогаш не биле од поголемо значење!

Компаниите треба да се осигураат дека понудениот производ ги задоволува барањата и е доволно “интересен” да остане во фокусот кај потрошувачите се до моментот на купување, ќе го привлече вниманието на супермаркетот за истиот да го позиционира и ќе биде подобар од конкуренцијата, ПОСТОЈАНО.

Какви се потрошувачките навики? Колку често се купува производот? Која е Вашата позиција во однос на конкуренцијата? Каде во маркетот треба да биде поставен? Колкаво е Вашето учество на пазарот? И уште многу други прашања на кои истражувањата и особено аналитичарите секојдневно даваат увид и одговор.

Ние како агенции за истражување секогаш се обедуваме на нашите клиенти да им обезбедиме најрелеванта информација во најкус можен рок за да може да се донесат и квалитетни одлуки. За разлика од порано кога резултатите од истражувања еднаш направени овозможувале нивно користење подолго, сега за краток временски период можат да бидат тотално ирелевантни.

Промените во окружувањето не побаруваат само од нашите партнери да се менуваат, туку ни ние самите како ги организираме и извршуваме истражувањата. Всушност целиот начин на соработка помеѓу агенциите за истражување и нивните клиенти се има променето.

Поради тоа и повеќе не може да има однос клиент – добавувач на услуга, туку партнери кои ќе соработуваат долгорочно и секојдневно се со цел и двете компании да се издигнат на комплетно друго ниво.

За успешно пазарно следење (надвор од компаниите) на нашите партнери им предлагаме следните чекори, кои им овозможуваат постојано следење на пазарот носење на квалитетни менаџерски одлуки:

  1. Сукцесивни квартални (континуирани) истражувања кои ќе овозможат следење на промените кај мали пазарни сегменти односно еден тип на потрошувачи;
  2. Годишно генерално истражување на позицијата и перцепцијата на потрошувачите за производот/компанијата и нејзината позиција во однос на конкуренцијата;
  3. Годишно следење на атрактивноста на пазарниот сегмент во кој е позициониран производот односно компанијата;
  4. Систем за постојано следење и анализа на активностите кај конкуренцијата;

За да се добие слика за важноста на претходните активности во продолжение ќе ги образложиме.

Сукцесивните односно континуирани (квартални) истражувања овозможуваат да се следат промените во навиките кај најспецифичните групи на потрошувачи. Да зададеме еден пластичен пример. Продавате тип на црно вино, потрошувачите ги делите на лојални, кои ќе го купат производот без разлика што друго се наоѓа на пазарот, оние кои го преферираат но се подготвени да го променат доколку сметаат дека нешто е подобро, и на крај ќе ги наведеме ценовно сензитивните. Од истражувачка гледна точка, најсензитивни за компанијата е втората група, односно онаа што би го променила доколку најдат нешто подобро.

Токму таков вид на потрошувачки сегменти се потенцијални за континуирано следење на нивното однесување. Компанијата треба да биде подготвена и на најмала промена да реагира соодветно за да изгуби што помал дел од нив како клиенти, а од друга страна да придобие дел од конкурентската група. Од друга страна, потребно е постојано да се следат и активностите на конкуренцијата, како и префернциите и потрошувачките навики на конзументите на конкурентски производи.

Годишно генерално истражување врши пресек на целиот пазар и слика каде се наоѓа точно компанијата во одреден временски интервал. Тука се истражуваат сите претходно типови на потрошувачи од сите категории и се добива генерална слика која треба да овозможи носење на стратегиски годишни одлуки.

Годишно следење на атрактивноста на пазарниот сегмент. Активност од особено значење за планирање и контролна точка кон каде треба да се движи компанијата. Кратко појаснето, претставува релативниот раст на индустрискиот сегмент во кој што компанијата дејствува. Наједностаевен пример, доколку целиот сегмент на Супармаркет има годишен раст на прометот од 5%, а вашата компанија има раст од 10%, тоа означува дека сте оствариле многу поголем раст од просекот односно вашата конкуренција.

Зашто напоменуваме дека е од особено важност за контролата. Лесно се пресметува и реагира доколку двете ставки се позитивни и растот на сегментот и растот на компанијата, но доколку едната или двете се негативни го мултидимензионираат проблемот. Чест проблем е падот на продажбата да се гледа како зголемена конкуренција (што во одредени ситуации е точно) или проблеми во економијата, и како единствено решение менаџментот го претставува зголемениот притисок врз продажниот кадар за реализација на поставените цели. Доколку растот на пазарниот сегмент е изразено позитивен, а компанијата бележи пад на продажбата, има веројатност и самата продажба да потфрлила во реализација, но доколку е мал или негативен, притисокот врз продажбата може само да ги потоне и така слабите резултати.

И за крај, постојано следење на активностите на конкуренцијата се секодневните активности кои ги прави конкуренцијата во маркетите. Промена во ценовната политика, дневни акции, промоции, учество во флаери, врзана продажба, наградни игри итн. всушност сите активности кои можат да “украдат” дел од потрошувачите на краток или долг рок.

Со примена на претходните сугестии, компаниите со сигурност ќе ја зголемат продажбата и позицијата на пазарот бидејќи секогаш ќе имаат примарен извор на информации до кои конкуренцијата нема пристап.

Тимот на Инсајдер ИД