Агенцијата Инсајдер ИД спроведува голем број на истражување во доменот на широката потрошувачка, од кои се обидува да пронајде нови трендови и однесувања на потрошувачите. Ценовната сензитивност е една од најинтересните теми за анализа, бидејќи побарува уметност во маркетинг и комерција за мотивирање на потрошувачите за да го извршат купувањето. Сепак, значајните промени во малопродажбата во последните неколку години, побаруваат да се редефинира целиот концепт на ценовно сензитивни потрошувачи. Редефинирањето на ценовната сензитивност, односно поделба на потрошувачите на две засебни групи ќе овозможи креирање на соодветна маркетинг и комерцијална стратегија.
Сите во FMCG сегментот се запрашуваат како е возможно потрошувачи кои до пред определен период пазареле во класичните трговски ланци, сега се верни потрошувачи на “тврдите дисконти”. Во, Македонија најчестите одговори се бараат во општите макроекономски индикатори, како пад на стандардот, политичката ситуација и сл. Можеби мал удел имаат и претходно наведените фактори, но според анализите тие не се главната причина зашто е настаната посочената промена. Наједноставно, потрошувачите немаат потреба да плаќаат повисоки цени за производи кои можат да ги добијат на друга локација по многу поповолна цена. Кога нема причина да потрошат повеќе пари, зашто не би ги заштедиле? Дополнително уривањето на бариерата дека е “срамно” пазарењето на “Тврдите Дисконти”, го отвори патот за основање на комплетно нова категорија на потрошувачи кои ги “оптимизираат” своите буџети при пазарење на производи за домот.
Напомена: За дополнителни информации во однос на истражувањето или купување на извештајот контактирајте на info@insider.mk или на телефонскиот број +389 71 210 471.