Изработената анализа Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД ја креира врз основа на секојдневната комуникација со компаниите и истражувањата кои се спроведени во претходните години во FMCG пазарниот сегмент. Прикажани се трендовите за кои постои најголема веројатност за нивно настанување во следната декада, што не укажува на нивно целосно реализирање.

Двете независни истражувања за влијание на промотивни активности, избор и пазарење во Супермаркети и потрошувачките навики на интернет во Македонија. Користејќи ги дел од податоците, агенцијата изработи анализа која е насочена во преглед кон идните трендови со кои ќе се соочи малопродажбата во Македонија односно ланците на супермаркети.

Огромната експанзија во последната декада на маркетите традиционални и е-продавници во Светот, но и во Македонија го придава значењето за анализа за тоа каква ќе биде иднината на компаниите кои се засегнати во тој сектор. Притисокот кој го имаат сите учесници во ланецот на снабдување од производител до краен потрошувач никогаш не бил поинтензивен и повисок. Од намалување на цените, монотон маркетинг, е-продавници, вклучување на несвојствени учесници и конкурентни до преставување на рекорден број на производи годишно, сето тоа влијае кон зголемување и на комплексноста во целиот сегмент.