Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2024-ва година” кое е спроведено на репрезентативен примерок од 1,200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа. Врз основа на податоците, веќе 5-та година по ред агенцијата прогласува Најпознати брендови според потрошувачите во 16 различни категории.

Истражувањето за Најпознати брендови во 2024 година, има за цел дефинирање на позициите на брендовите согласно перцепцијата на потрошувачите. Позицијата всушност го рефлектира влијанието на маркетинг и промотивните активности преземени од компаниите и насочени кон различни таргет групи во текот на изминатата година. Во услови на интензивна конкуренција и значителни промени на пазарот за широка потрошувачка, поставувањето на брендот на првата позиција кај потрошувачите преставува значителен успех за компаниите. Препознатливоста на брендот е базичен елемент за успех и повисока позиција во секторот за широка потрошувачка. Компаниите треба да го имаат во предвид влијанието на брендот врз одлуката на потрошувачот особено бидејќи се работи за високо конкурентна индустрија која е под влијание на промени.

Анализата на 16 различни категории каде потрошувачите имаат избрано во дел од категориите до 19 различни брендови е уште еден показател за високата конкурентност на пазарот. Истото значи дека потрошувачите се под константно влијание од различни маркетинг и промотивни активности кои имаат за цел да создадат свесност и да го позиционираат брендот на највисоко ниво во свеста на потрошувачот.

Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анализирани се следните 16 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана вода,, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) кафе, Природни сокови и Сончогледово масло.

    Година
БРЕНД Категорија 2024 2023 2022 2021
Битолско млеко Млеко 42% 45% 54% 51%
Битолски Јогурт Јогурт 40% 41% 46% 44%
Здравје Радово Кашкавал 14% 18% 15% 15%
Здравје Радово Сирење 22% 22% 25% 22%
Златиборац Сувомеснати производи 25% 29% 31% 25%
Милка Чоколадо 34% 38% 43% 39%
Скопско Пиво Пиво 35% 38% 42% 38%
Тиквеш Вино 50% 54% 61% 53%
Пелистерка Газирана вода 26% 28% 33% 25%
Виталија Здрава Храна 36% 42% 48% 39%
Цермат Сладолед 22% 26% 24% 23%
Стоби Флипс Флипс 86% 86% 87% 80%
Гранд Традиционално кафе 31% 35% 37% 32%
Вива Природни сокови 31% 33% 33% 30%
Брилијант Сончогледово масло 43% 49% 57% 53%
Бако Јаткасти Производи 34%

* Се мери како учество во вкупниот број на одговори за соодветната категорија;

** Категориите Флипс, Природни сокови, Сончогледово масло, Негазирана Вода и Енергетски пијалаци се вклучени во истражувањата од 2021-ва година;

Генерално постои тренд на намалување на учествата кај поголем дел од прво позиционираните производи, што посочува на интензивирање на конкурирањето помеѓу компаниите. Иако не значително, дел од потрошувачите сметаат дека други брендови се најпознати во категоријата, кое со најголема веројатност е предизвикано од зголемување на маркетинг активностите од компаниите но и промена на потрошувачките навики (замена на бренд).

Како и претходните години, и во 2024 година, во категориите Млеко и Јогурт нема поместување  во однос на прво позиционираните брендови. Повторно, Битолска Млекара со брендовите Битолско Млеко и Битолски Јогурт бележат највисоко учество кое надминува 40%. Тоа што се разликува во однос на претходните години е намалувањето на процентуалното учество на прво позиционираните брендови од година во година, што посочува на зголемување на учеството на брендовите на пониските позиции или препознавање на нови брендови.

Во третата категорија Кашкавал, нема промени во однос на првиот бренд односно брендот Здравје Радово кој бележи 14%. Оваа категорија е меѓу најконкурентните бидејќи потрошувачите имаат избрано повеќе од 23 брендови. Со тоа се потврдува заклучокот и од претходните години дека еден бренд го нема доминантното учество на пазарот туку потрошувачите преферираат различни брендови. За категоријата Сирење, на прва позиција е повторно Здравје Радово со 22%, но исто како и во претходната категорија, одговорите на потрошувачите се значително дисперзирани што посочува на голема конкуренција помеѓу брендовите.

За категорија Сувомеснати производи, повторно за најпознат се позиционира Златиборац со 25%, што е пад на учеството за 2% во споредба со претходната година.

За категорија Чоколадо, брендот Милка ја потврдува највисоката позиција во категоријата со 38%, меѓутоа бележи намалување од 5% во споредба со процентуалното учество во 2022 година. Се забележува дека покрај првата позиција, постојат осцилации во учеството на брендот споредбено низ годините.

Категориите кои се однесуваат на алкохолни пијалаци Пиво и Вино,  се одликуваат со еден препознатлив пазарен лидер. Имено, за двете категорија, првата позиција е непроменета и тоа во категорија Пиво,  Скопско Пиво е на прва позиција со 35%, додека пак во категорија Вино на прва позиција е Тиквеш со 50%. И двата брендови, во претходните две години бележат намалување на учествата и покрај тоа што моменталната препознатливост како најпознати брендови е значително висока.

Категориите Газирана и Негазирана Вода, според позиција на бренд во 2023 година се анализирани засебно. И во двете категории има висок број на позиционирани брендови и значајна голема конкуренција. Во првата Газирана Вода, како најпознат бренд е Пелистерка со 26% и истото посочува на пад од 2% во споредба со претходната 2023 година.

Виталија ја задржува позицијата како најпознат бренд во Здрава Храна, 5-та година по ред и во 2024 година остварува учество од 36%. Забележаното учество е всушност намалување во споредба со претходната година за 6% (две години по ред), што посочува на зголемување на конкуренцијата на пазарот и земање на дел на учеството на прво позиционираниот бренд. Сепак, препознатливоста на Виталија е сеуште висока и асоцира на препознатливост од речиси секој трет потрошувач.

Во категоријата Сладолед, Цермат е на првата позиција како најпознат бренд (22%) и може да се заклучи дека се остварува континуитет во растот, од година во година. Во категоријата Јаткасти Производи, која за прв пат се анализира во тековното истражување, компанијата Бако остварува учество од 34%.

Во категоријата Традиционално (Турско) Кафе, Гранд Кафе е повторно најпознат бренд со учество од 31%. Додека пак, за Природни Сокови, Вива се позиционира како најпознат бренд со 31% со намалување од 2%.

Компанијата „Витаминка“, во 2024 година ги има најпознатите брендови во категориите Флипс со Стоби Флипс (86%) и Сончогледово Масло со Брилијант (43%). Во првата категорија, брендот Стоби Флипс остварува речиси изедначено учество со претходната година меѓутоа сеуште го има највисокото учество во споредба со сите останати категории. Во врска со позицијата на Брилијант, се забележува намалување на учеството за 6% во споредба со 2023 година.

Истражувањето “Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови” е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. Истото е авторско право на Инсајдер ИД, и секакво споделување или користење без претходно писмено одобрување од агенцијата е забрането. За повеќе информации во однос на истражувањето контактирајте на info@insider.mk или +38971210471.