FMCG 2024: Подгответе се за промени
Дознајте сè за навиките на потрошувачите, доминацијата на супермаркетите и влијанието на влезот на LIDL на македонскиот пазар.
Откријте ги најновите трендови, навики на потрошувачите и пазарни можности со ексклузивниот FMCG Извештај 2024. Овој сеопфатен извештај нуди детален преглед на супермаркетите и преферираните ланци на маркети, како и анализи на ценовните стратегии, промоциите и промените во однесувањето на потрошувачите. Како ексклузивен сегмент во овогодинешното истражување го имаме влијанието на влезот на нови играчи како Lidl. Без разлика дали сте дел од супермаркет, FMCG компанија или сте пазарен аналитичар, овој извештај ќе ви помогне да носите информирани одлуки и да ги искористите пазарните можности во 2024 година.
Зошто ви е потребен овој извештај?
Бидејќи одговара на клучните прашања кои ги засегаат супермаркетите и FMCG компаниите во Северна Македонија:
Кои ланци на маркети се најпреферирани од потрошувачите и зошто?
Како Lidl ќе влијае на пазарот и чии потрошувачи ќе преземе?
Како се рангираат маркетите според цена, квалитет, асортиман и услуга?
Кои се најважните фактори при изборот на маркет – цена, промоции, или локација?
Како потрошувачите го перцепираат квалитетот и понудениот асортиман на приватните трговски марки?
Клучни информации за индустријата
Овој извештај содржи клучни информации за FMCG индустријата, вклучувајќи кој ланец на маркети е најмодерен и со најдобар однос цена-квалитет, како и кој ланец на маркети е најпрефериран според потрошувачите во 2024 година. Исто така, анализира како Lidl ќе го промени FMCG пазарот во Македонија и колку е важна локацијата и пристапноста на маркетите за потрошувачите. Откријте кои маркети имаат најдобра локациска покриеност и кој онлајн супермаркет е најпрепознатлив. Дополнително, извештајот открива како цените и промоциите влијаат на одлуките за купување.
Извештајот за преферирани ланци на маркети „FMCG 2024: Подгответе се за промени“ чини 1099€ + ддв .
Со нарачка на извештајот пред 15ти октомври добивате единствена можност да го добиете извештајот по 20% пониска цена, односно за 878€ + ддв.
Кликнете на копчето, нарачајте го извештајот и бидете во тек со сите случувања.
Искуства на клиенти од претходни години
“Податоците од FMCG извештајот ни овозможија да ја потврдиме нашата стратегиска насока и да ги обликуваме идните развојни планови. Особено вредна е структурата на преферираните маркети според потрошувачите, која ни даде јасен преглед на пазарот и идентификација на „слободниот простор“ за нови можности.”
– Икица Павловски – Директор за продажба, LION DOO
“Презентираните трендови во потрошувачките навики и изборот на преферирани маркети ни беа од помош во потврдување на нашата компаниска стратегија и зацврстување на позиционирањето на нашите производи. Овој извештај е уште една значајна алка која ни помoгна во нашето успешно работење и развој.”
– Андреа Тили – Group Marketing Data Analyst, Bimilk
Етаблирана во 2010 година, нашата агенција е посветена на зајакнување на различни чинители, како што се микро и мали претпријатија, корпоративни клиенти, јавни институции и бизнис поддржувачки организации (БПО), за да успеат во денешниот динамичен економски екосистем. Со повеќе од 250 успешни истражувачки и консултантски проекти, нудиме прилагодени решенија кои го поттикнуваат успехот на бизнисите и организациите. Нашите иновативни практики поддржуваат беспрекорно спроведување на сè, од стратешко брендирање и истражување на пазарот до развој на политики и поддршка на стартапи, помагајќи им на нашите партнери да ги постигнат своите економски цели и да поттикнат одржлив раст.
Овој извештај го издаваме 8ма година по ред, а за значајните придобивки и примената сведочат нашите клиенти кои се враќаат секоја година по најновите анализи на пазарот за широка потрошувачка.