Апликација за интензивна тренинг програма и пракса
За интерните потреби на компанија, Инсајдер ИД креираше специјална програма за тренинг и пракса за студентите на Економски науки чија што крајна цел е вработување на еден потенцијален кандидат кој ќе постигне најдобри резултати за период од 2 месеци. При еден циклус се обучуваат 3-4 кандидати од кои само еден студент ќе ја добие можноста за вработување.
Инсајдер ИД работи во областите истражување и консалтинг, со што кандидатите би работеле на комплесни проекти кои бараат висок степен на аналитички, математички и логични способности.
НАПОМЕНА: Ќе бидат контактирани само студентите кои имаат уредно поднесена апликација, мотивационо писмо и желба за вработување по завршување на праксата. Дополнителни информации и детали во однос на самиот тренинг и вработувањето се извршува на прелиминарна средба со кандидатите.